Сањин Рукавина, градоначалник на хрватскиот град Сења и член на ХДЗ, утринава во полиција пријавил обид за убиство.
Како што за хрватски „Индекс“ е потврдено од полицијата, тие примиле казнена пријава и во тек е криминилистичка обработка.
Рукавина утринава со службениот автомобил имал сообраќајна незгода, откако му отпаднало тркалото, а на уште две места шрафовите биле одвртени.
-Примивме казнена пријава и по пријава се постапува, за „Индекс“ кратко изјавила Марија Божиќевиќ, портпаролката на полицијата во овој регион.
Рукавина не бил расположен за разговор правдајќи се дека има состанок.