Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по сребата на државниот врв на Косово што се одржа утрово во косовското Собрание, им изјави на новинарите дека е постигнат договор во Брисел да не се расправа за размена на територии меѓу Косово и Србија.
На ненајавениот состанок се собраа членовите на делегацијата која пред неколку недели оствари официјална посета на Брисел, во состав Харадинај, претседателот на Косово Хашим Тачи, собранискиот спикер Кадри Весели и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Дардан Гаши.