Притвор за ќерката која си ги уби родителите и сестрата


Основниот суд Гостивар и одреди притвор во траење од 48 часа на постарата ќерка на семејството Поцеста Б.П. (28), осомничена дека го застрелала својот татко Агим, мајката Назмие и 14- годишната сестра Анила, во нивната куќа во Дебар.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство против Судот во Гостивар во врска со убиството на А.П. (54), Н.П. (53) и нивната 14-годишна ќерка во Дебар поднесе кривична пријава против Б.П. (28) од Дебар поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство“, велат од МВР.

Полицијата ги уапси и помагачите на осомничената. Станува збор за Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар, против кои е поднесена кривична пријава за помагање во врска со убиство. Судија на претходна постапка и ним им одредил притвор во траење од 48 часа.

Според извори во истрагата, осомничениот гостиварец и го обезбедил превозот од Италија каде што живеела, а дебранецот го набавил пиштолот.

Таа ноќта на 26 август ги убила родителите и помалата сестра и заминала за Италија, а ден подоцна повторно се вратила за погребот. Неофицијално, осомничената долг период наназад била зависник од наркотични супстанци. Мотивот за убиството се уште не е познат.

Тројцата убиени беа пронајдени истиот ден околу 21 часот. Сопружниците беа пронајдени мртви во спалната соба, а 14-гоидшното девојче во својата. Тројцата беа убиени на спиење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1