Флоренс прави хаос по Америка, поплавени улици, брановите стигнаа до куќите, летаат покриви и дрвја


Ураганот Флорен се приближи на брегот на САД и силните удари од ветрот ги фрлаат на брегот брановите, кои веќе продреа до куќите во Авон, град во Северна Каролина, а пријавена е само материјална штета.

Истовремено во Норфолк, Вирџинија, водата ги поплави улиците и пред да почне да паѓа дождот, така шт низ некои краеви не може да се помине.

Ураганот Флоренс „е неповикан, но сепак само што не дошол“, рече утрово гувернерот на Северна Каролина Рој Купер.

Најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби.

Ураганот вчера подзастана, откако неколку дена се движеше директно кон атланскиот брег на САД, и загуби дел од својата сила, но се уште се смета како бура од категорија 1, која може да предизвика сериозни поплавувања и да однесе човечки жртви.

– Иако непоканет, ураганот Флоренс само што не пристигнал, изјави гувернерот на Северна Каролина Рој Купер, кој нареди евакуација на илјадници жители од најизложените крајбрежни подрачја.

Флоренс предизвикува ветрови со брзина од 175 километри на час и поројни дождови, при што проценките се дека наместа ќе паднат до 75 сантиметри дожд. Илјадници домови се оставени без струја, а граѓаните се подготвуваа за бурата што доаѓа со трупање резерви на храна и вода за пиење, стравувајќи дека поплавите ќе ги загадат водоводните системи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1