Во кривичнот суд денеска треба да продолжи судењето за смртта на Тамара Димовска од Велес.. На обвинителна клупа ќе седнат 12-мина.
За несовесно работење во службата одговараат двајца поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување, екс директорката на Детска клиника и членови на двете лекарски комисии..
Претходното рочиште за овој случај се одложи поради отсуство на еден обвинет, двајца пак тогаш го добија обвинителниот акт и побараа време за подготовка на одбрана.
На денешната расправа се очекува образложение на обвинителниот акт и изјаснување по вина на обвинетите..