Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје.
Тој претпладнево учествува на отворањето на денови на Медиумите ЕУ – Западен Балкан, во организација на Европската комисија.
“Квалитетното известување ќе им помогне на граѓаните да донесат информирана одлука. Мислам дека сите медиуми треба да точно да информираат за содржината на договорот и за последиците од гласањето, за да се зголеми јавната свест за важноста да се искористи демократското право на глас. Секој глас е важен и е од одлучувачко значење да се учествува на референдумот и да се искористи правото на глас”, изјави европскиот комесар за приширување на Унијата, Јоханес Хан, за време на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот. Осврнувајќи се на претстојниот референдум во Македонија, Хан ги повика македонските граѓани да гласаат бидејќи, како што рече, референдумот е од круцијално значење. Tој додаде дека слободата на медиумите не може да се постигне без независно и функционално судство и дека новинарите мораат да бидат заштитени од напади за да можат да ја работата својата работа.
Еврокомесарот Хан изрази загриженост за физичките напади врз новинарите во западно-балканските земји, и порача дека некзанувањето на виновниците создава застрашувачка атмосфера која влијае врз независното новинарство.
Еврокомесарот потенцираше дека нема членство во ЕУ ако нема слобода на медиумите, слободно новинарство и работење без притисоци, закани и заплашувања.