Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра, а тој ме обвини за нелегална продажба на органи


Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште за случајот „Шпион“ истакна дека на новинарот Зоран Божиновски му дал 5 илјади евра за добивање на информации од компании кои тој сакал да ги откупи, а Божиновски иако не му ги дал потребните информации, барал дополнително пари, тврдејќи дека вложил многу труд во истражувањето на сопствениците, како и соработниците на тие компании.

-Бидејќи имав интереси во повеќе компании, мене ми беа потребни податоци за тие фирми, за тоа дали се во процес на приватизација, како и одредени информации за партнерите, информации кои можат да го рашират и зајакнат бизнисот. Затоа ми требаше некој човек, а некои од моите пријатели, не знам кој точно, ми го препорача Зоран Божиновски. Му дадов 5.000 евра на Божиновски за да направи аналитичко истражување, но за жал се покажа дека таа анализа беше подолу од било каков кафански муабет, без факти и поради тоа прекина нашата соработка, истакна Јорданов.

Оваа соработка била склучена во 2010 година, иако не потпишале никаков договор. Според Јорданов, откако завршила оваа соработка, Божиновски почнал да објавува текстови на својот портал, меѓу кои е и аферата за нелегалната продажба на органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1