Денешното рочиште за предметот „Топлик“, Космос“ е одложено, бидејќи бранителите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања Алексиќ и Дончо Наков, не се појавија во судницата, за што од судијата Осман Шабани добија парична казна во висина од 1.000 евра, во денарска противвредност.
Тие во ист термин денеска имаа закажано притворски предмет за “27 април” на кој што мораа да присуствуваат.
Судијата рече дека не го интересираат други предмети и дека тој си ја гледа својата работа.