УЈП се откажа од регистрација на пензионерите


Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП, потврдија за ТВ 24 од Управата.

Директорката Лукаревска вели дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните. Oва следува по бурните реакции во јавноста, особено од пензионерите и изнемоштените, дека регистрацијата во електронскиот систем, ќе им создаде непотребни тешкотии и трошоци.

„Работиме на тоа. Имаме неколку опции во игра, но сакаме да го најдеме најсоодветното решение во интерес на граѓаните“- вели Сања Лукаревска, директор на УЈП за ТВ24.

Според нашите информации, дилемата е дали да се оди со законски измени или технички односно софтверски измени, со кои пензионерите и вработените кои остваруваат само пензија и плата ќе се ослободат од обврската за регистрација. Нема информација кога дефинитивно и за кое решение ќе падне одлуката. Ниту дали УЈП ќе ги преземе постоечките податоци за овие граѓани и ќе ги вметне во новиот систем.

Министерот за финансии, Тевдовски пак вели дека тој лично ќе поддржи и ќе се заложи да се излезе во пресрет, посебно на пензионерите.

„Работат на решение, тоа е работа на УЈП, но поддржувам да пензионерите се најде нешто да не маат обврска да одат во УЈП.“ – вели Драган Тевдовски, министер за финансии.

Инаку со новиот проект на Управата сите граѓани ќе мора да одат лично на шалтерите и да ги однесат претходно отпечатените барања за регистрација што ги добиле по меил. УЈП смируваше дека нема веднаш да има казни за граѓаните кои нема да успеат да се регистрираат, а решението да се изземат пензионерите и вработените без дополнителни приходи го најави и премиерот Заев. Рече дека реформата е со цел да им се олесни, а не отежни постапката на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1