Поради пијан пилот летот одложен пет часа


Несекојдневен настан е регистриран синоќа на Меѓународниот аеродром во Тирана.

Полетувањето на авион кон аеродромот „Малпенса“ во Милано е одложен за дури пет часа поради тоа што капетанот на авионот Е.Л.(47) бил пијан.

– Лицето Е.Л. шпански државјанин, кој е капетан на авионот, кога патниците почнале да влегуваат во авионот, е приведено поради тоа што тој бил во алкохолизирана состојба. Колега на пијаниот пилот го пријавил во Граничната полиција и авиокомпанијата, по што е блокиран летот а патниците се вратени назад, стои во полициското соопштение.

По барање на авиокомпанијата, направен е алкотест кој се покажал позитивен,бидејќи првиот тест покажал присуство на алкохол 0,35 мг/л додека вториот тест 0,31 мг/л.

Компанијата презела соодветни мерки и пијаниот пилот го замејила со друг и по пет часа од предвидениот термин авионот полетал за Милано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1