Протести во Полска: Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”


Во полската престолнина Варшава, вчера се одржа протест на кој демонстрантите побараа зголемување на платите во јавниот сектор.

Според проценките на варшавската полиција, се собрале околу 26.000 луѓе, пренесува Ројтерс.

Според полицијата, на протестот учествувале 26.000 луѓе. „Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме“, изјави Јан Гуз од синдикатот.

Протестот е организиран еден месец пред локалните избори во Полска и десетина дена по одлуката на владата за зголемување на минималната плата на 522,6 евра почнувајќи од 2019 година.

Синдикатите сметаат дека тоа зголемување не е доволно, а особено се незадоволни вработените во образованието кои заработуваат нешто повеќе од минималната плата. Тие побараа оставка на министерот за образование, а демонстрантите го осудија и недостигот на дијалог со властите.

Полска од почетокот на минатата година бележи постојан раст на домашниот бруто национален доход од четири до пет проценти во секој квартал, на годишно ниво.

Меѓутоа, економистите предупредуваат дека земјата може да почне да ги чувствува последиците од лошите стопански очекувања, што веќе беше видено ширум Европа, како и притисок за зголемување на платите и недостиг на работна сила, пренесува Ројтерс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1