22 годишник од Љуботен е тешко повреден откако во неговото возило мерцедес биле стрелано од калашљиков во населбата Ченто. Момчето со друго возило веднаш е пренесено во градската болница .
Извори за Сител од клиники велат дека лицето се наоѓа во тешка здравствена состојба. Од 30сетина истрелани куршуми, тој бил застрелан со 4 куршуми во градниот кош и абдоменот. Од градската болница на апарати е пренесен на КАРИЛ . Престрелката во која е тешко повредено 22 момче се случила околу полноќ во скопската населба Ченто.
Од МВР соопштија дека во момчето пукале за сега непознати лица од друг автомобил во движење на улицата Алија Авдовиќ“ . Неофицијално лицата пукале со автоматска пушка калашников од возило без регистарски таблички по што веднаш избегале во непознат правец. Полицијата не открива дали до сега се пронајдени и приведени. Според првичните информации веројатно се работи за крвна одмазда. Од МВР најавија детали за брзо време откако целосно ќе биде расветлен овој случај.