„Слушнав, убијте ги сите по што пукав “ – сведоштво на Ангеловски за 27-ми април


Морничаво сведоштво за организираниот напад на Собранието од 27-ми април, од тогашниот телохранител на Оливер Спасовски, Ацо Ангеловски на продолжението на рочиштето за сослушување на оштетените.

Слушнав „ убијте ги сите“ по што пукав и повикав полиција, низ солзи се потсети Ангеловски.

Тој уште рече дека на 27-ми април минатата година повеќе полицајци биле пуштени на доискористување на стар одмор.

Ангеловски тој ден се нашол во Собранието како член на личното обезбедување на Спасовски, бил претходница и останал надвор од Собранието, како што рече, сѐ додека не добил телефонски повик од колега дека на личноста што ја обезбедуваат ѝ е загрозен животот.

„Се обидовме да влеземе, но сѐ беше затворено. Се обидовме на крајот од пријавница и видовме околу 500-600 граѓани, а еден од нив извика ‘држете ги, овие се од обезбедувањето на Спасовки‘. Успеавме да влеземе од главниот влез. Бидејќи 10 години работев обезбедување на шест претседатели на Собранието и две години внатрешно обезбедување на Собранието, го знаев најкраткиот пат до прес-центарот.

Кога влегов внатре, Оливер го видов во ќош. Имаше толпа народ, луѓе со фантомки, кои маваа со клупи, столици, маси. Толпата беше многу агресивна. Застанав пред министерот за да го заштитам, а дел од колегите застанаа пред мене за да нѐ бранат со жив ѕид. Случувањата внатре беа ужасни. Со шипка ми ја расцепија главата, а Спасовски постројано вртеше на мобилен телефон. Јас успеав да свртам кај Велковски, кажувајќи му да прати помош оти ‘овде ќе нѐ убијат‘. Тој ми прозборе нешто но од големата галама воопшто не успеав да го чујам. Ми се чини дека нападите ги командуваа лицата со фантомки. Спасовски беше со скршен нос, а Заев беше расечен. Мета на овие агресивни луѓе беа Петре Шилегов, Зијадин Села, Зоран Заев и уште неколку други пратеници“, раскажуваше сведокот Ангеловски.

При нападите лицата, кога не успевале да стасаат до Спасовски и до неговите обезбедувачи, меѓу кои бил и сведокот, со кабли правеле јамки и ги фрлале кон нив за да ги извлечат од толпата. За да ја оттргне толпата од министерот Спасовски и од оние што се наоѓале околу него, сведокот Ангеловски се обидел прво со службена легитимација и со зборовите ‘полиција, отстапете‘, но како, што кажа пред судот, толпата воопшто не обрнала внимание на тоа, па извадил пиштол и без наредба од никого, на своја одговорност, испукал куршум во плафонот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1