Вучиќ следната недела на гости кај Путин


Откако рускиот претседател Владимир Путин ја откажа посетата на Србија , најавена од тамошните власти , па демантирана од Кремљ, претседателот Александар Вучиќ следната недела патува во Москва.

Вучиќ на 2 октомври во Кремљ ќе разговара со рускиот претседател Путин , јавија српските медиуми , повикувајќи се на дипломатски извори од Москва. Според медиумите , по разговорот ќе има прес конференција .

Темите не се познати , ниту пак засега има официјална потврда. Медиумите во Србија повеќе пати во последните неколкум месеци најавуваа средби Путин – Вучиќ.

Последната ,,посета” на Путин во Белград ја најави дури и рускиот амбасадор Александар Чепурин , кој доби демант директно од Кремљ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1