Потпретседателот на избирачкото место 2903, во основното училиште Иднина, во општина Чаир е отстранет и избркан од одборот.
Претседателката на избирачкиот одбор изненадена од ваквата постапка вели дека не знае кои се причините за ваквата постапка. Истакна дека е во очекување на нов потпредседател во текот на денот и дека засега и тие се збунети за ваквиот иднцидент.
Од Државната изборна комисија го потврдија случајот, велат дека причина било тоа што потпретседателот агитирал и заради таквото однесување е отстранет од избирачкото место.
Засега излесноста на референдумот до 13 часот во општина Чаир е 17,81%.