Државната изборна комисија на својата интернет страна ги објави резултатите од 100% обработен материјал од вчерашниот референдум. Според статистиката, на референдумот гласале 666.743, односно излезноста процентуално била 36,91%.
Од нив, ЗА гласале 91,46% од излезените гласачи, односно 609.813 граѓани, а ПРОТИВ биле 37.700, што процентуално изнесува 5,65%.
2,89% отпаѓа на неважечки гласачки ливчиња.