14 годишната ученичка во Аеродром не била фрлена од прозор- било детска игра


Неумесна игра, а не врсничко насилство е причина за повредата на 14 годишното девојче од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од скопската населба Аеродором, кога нејзини соученици во петокот ја фрлиле од прозорец на приземје, пишува порталот Факултети повикувајќи се на изјава на класниот раководител на деветтоодделенците, Марјан Јовановски. Тој за порталот Факултети. мк вели дека не ги оправдува учениците, но објаснува дека не станува збор за врсничко насилство.

– Буквално се случило „од играчка – плачка“. Станува збор за одделение од 31 ученик со одличен успех и примерно поведение. Класот е прекрасен и сите се дружат. Децата веќе две недели ја играле оваа игра. Носеле ученик до прозорец и тој сам скокал преку рамката во дворот. Овојпат, играта тргнала на лошо- девојчето не успеало да се задржи на нозе. Има снимки, ги видовме, учениците се смеат додека ја играат играта. Никој насилно не фрлил никого од прозорец – вели тој за порталот.

Наставникот вели дека е одржан наставнички совет и дека 6 ученици ќе бидат казнети.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1