Тајно гласање како опција за мнозинство во праламентот


Јавна расправа по уставните амандмани согласно преспанскиот договор, но тајно гласање за нив во парламентот. Ова е една од опциите на која размислувала владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ со цел да обезбеди пратенички гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да го стигне потребното мнозинство од 81 пратеник за промена на Уставот. Гласањето зад параван го толкуваат како заштита на опозициските народни избраници од критика од партиското членство.

Но оваа опција е тешко спроведлива. Тајното гласање согласно собранискиот Деловник е можно само во случај на избори, именувања или разрешувања на носители на јавни и други функции. Процесот би бил уште покомпициран имајки пред вид дека постапката за уставни измени подразбира гласање на пратениците неколку пати во различни фази.

Според ВМРО-ДПМНЕ уставни измени согласно договорот не можат ни да се почнат во парламентот бидејќи референдумот пропадна.

За разлика од тоа, од владејачката партија бараат Мицкоски да ги повика своите пратенци да гласаат во парламентот бидејки за нив граѓанското изјаснување било успешно. Од тајност, велат од СДСМ, засега нема потреба.

Во случај наредната недела да не бидат успешни преговорите со пратенции од ВМРО-ДПМНЕ, Заев веќе најави дека ќе оди на предвремени избори, но од партијата на Мицкоски бараат гаранции дека ќе има фер, демократски и законски избори како што е јавен обвинител кој ќе го предлага опозицијата.

За власта условите на ВМРО-ДПМНЕ се невозможни.

Костадинов и Стоилковски дебата на власта и опозцијата ја продлжија и меѓусебно пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде што пратеникот на СДСМ даваше изјава.

Премиерот Заев веднаш по референдумот најави преговори во наредните 10 дена со пратенции на ВМРО-ДПМНЕ за евентулани уставни измени.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1