„Никоб“ за три милиони евра ќе ја чува државната управа


Агенцијата за обезбедување „Никоб“ за три милиони евра ќе обезбедува 30 државни објекти во наредните три години.

Оваа агенција го доби тендерот и потпиша договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Следните три години, според барањата на тендерот, Агенцијата ќе треба физички да ги обезбедува обектите на државните органи, да ја гарантира личната сигурност на лицата кои работат во објектите на државната управа и да одржува ред во просторот што се обезбедува. Под нејзина надлежност ќе биде и видео-надзорот на објектите.

„Никоб“ ги обезбедува и општината Ѓорче Петров за 140 илјади евра и Градот Скопје чиј тендер тежеше 125 илјади евра како и 23 училишта во Скопје за 160 илјади евра и други јавни институции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1