Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со потпис ќе гарантираат дека нема да гласаат за уставните амандмани


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишат платформа со која ќе се обврзат дека нема да поддржат промена на името и нема да гласаат амандмани за промена на Уставот, дознава Пресинг ТВ.

Како што брифирираат партиски извори секој народен избраник од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потпише оваа платформа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се актуелни периодов, откако тројца од нив се појавија на гласање за референдумот Драган Данев, Даниела Рангелова и Крсто Јовановски. Тројцата потоа појаснија дека во Собранието нема да гласаат за уставните амандмани, а Данев се изјасни дека дури и ако има тајно гласање ќе ја напушти собраниската седница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1