Ваљон Вела ќе менаџира со Клиниката за гинекологија


Од вчера Клиниката за Гинекологија и акушерство има и економски директор., По пауза од шест години, најголемото родилиште во земјата доби втор менаџер. Ваљон Беља кој е кадар на ДУИ ќе управува со финансиите и ќе биде вршител на должноста.

Неофицијално, неговото назначување е договор меѓу коалиционите парнери СДСМ и ДУИ. Од Министерството за здравство не сакаа да коментираат ништо за новоименуваниот директор. Нема ниту објаснување зошто отвораат нови работни места кога се најавуваше укинување на економските директори. Измените на законот за здравствена заштита, неофицијално под притисок на ДУИ биле тргнати од владина седница.

Инаку Беља пред да премине во ДУИ била кадар на ДПА а неговото име пред две години го поврзуваа и со заканите кон екс градоначалникот на ЧАИР Изет Меџити.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1