Апелацискиот суд во Скопје ја потврди двегодишната затворска казна за поранешниот премиер, Никола Груевски. Истовремено, казната за осудениот Ѓоко Поповеки, поранешниот шеф на јавните набавки во МВР, е намалена од 6,5 на 4,5 години.
Двајцата беа казнети во предметот на СЈО, „Тенк“, што се однесува за малверзации при набавка на луксузен „мерцедес“ во 2011 година.