Ердоган со наредба: Не ги користете услугите на компанијата од САД


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им наредил на министрите да престанал да ги користат консултантските услуги на американската фирма Мекинси.

Наредбата следувала откако договорот со таа фирма бил критикуван од претставниците на опозицијата.

Минатиот месец, министерот за финансии Барат Албајрак, кој е зет на Ердоган, изјавил дека Турција одлучила да работи со фирмата Мекинси за што побрзо да ја имплементира економската програма, пренесува „Ројтерс“.

Лидерот на најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија, Кемал Киличдароглу го обвини оваа недела Ердоган за ангажирањето на американска фирма во време кога односите со Вашингтон се нарушени поради апсењето на американскиот свештеник во Турција и други проблеми.

„Таа личност (Киличоглу) се обидува да стави во ќош поставувајќи прашања за консултантска фирма која во целост е исплатена за да ни помогне во економскиот менаџмент. За да не му дадам шанса, им реков на своите министри да не ги користат услугите на оваа фирма“ – изјавил Ердоган пред членовите на својата АК партија.

Наместо тоа, како што изјавил, владата треба да се потпре на домашните капацитети, пренесува „Ројтерс“.

Стапката на инфлација во Турција во септември скокна на скоро 25 отсто поради падот на вредноста на лирата.

Ердоган додал дека Турција е отворена за инвестиции и поддршка, се додека било кој договор не влијае на нејзиниот суверенитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1