Почна седницата за Предлогот за пристапување кон уставни измени


Собранието на Република Македонија ја започна 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Во салата се пратениците од сите пратенички групи, а се очекува предлогот да го образложи премиерот Зоран Заев. На седницара присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пред седницата координација во седиштето на партијата одржаа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1