Мухиќ: Ќе гласам „за“, би било прекрасно сите 120 пратеници да гласаме „за“


Пратеникот Ферид Mухиќ порача дека ќе гласа „за“ уставните измени. Тој спротивно на претходните свои излагања, кога го критикуваше договорот и гласаше против, сега рече дека се разјасниле повеќе дилеми.

„Се замислив, сфатив дека има три елементи што треба да се разбистрат. Прво, мандатот на оваа Влада да го менува името. Второ, дали е лош или добар договорот, а третиот клучен проблем е каква е пораката од референдумот“, рече Мухиќ.

Оваа Влада, според него, неоспорно е дека има мандат да го води процесот за промена на името.

Во однос на договорот, тој рече дека и претходно кажал оти договорот е лош, меѓутоа сега гледа дека не можело да биде постигнат подобар договор.

„Нема потреба да се расправа сега што можеше да се направи кога сте прифатиле да го смените името. Ако не оваа, некоја следна влада ќе мора да потпише ваков догвор доколку сакаме во ЕУ и НАТО“, рече Мухиќ.

Говорејќи за референдумот, Мухиќ истакна дека цензусот не е исполнет, но опозицијата греши кога вели дека милион и 200 граѓани рекле „не“, а тоа не е така бидејќи тие не кажале ништо.

„Се слушнаа гласно 600 илјади граѓани, кои рекоа ‘да’“, рече Мухиќ и потенцира дека би било прекрасно да може сите 120 пратеници да гласаат „за“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1