Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради вчерашниот позитивен резултат од гласањето во македонското Собрание. И покрај оставката и заминувањето на Никос Коѕијас од позицијата шеф на грчката дипломатија, и тој и Ципрас рекоа дека се среќни, иако тоа е оксиморон, како што истакнаа и двајцата.
Во грчкото МНР на свеченоста за примопредавање на функцијата министер за надворешни работи, Алексис Ципрас и официјално го наследи Никос Коѕијас на позицијата шеф на грчката дипломатија.
– Јас сум најсреќниот министер во оставка, им рече Коѕијас на новинарските екипи, пристигнувајќи во грчкото МНР кусо пред средбата со Ципрас.