Како да избришете се од телефонот ако треба да го продавате


Ако планирате да го продавате својот телефон, таблет или компјутер, треба да се погрижите во каква состојба му го предавате на новиот корисник. Важно е да го исчистите надворешно и внатрешно за да бидете сигурни дека никој нема пристап до вашите податоци.

Nick D'Aloisio who developed the smartphone news app Summly, poses for a photograph in central LondonЗа да спречите следниот корисник да ги гледа приватни фотографии од вашиот претходен смартфон или пак да има пристап до некои лични документи на компјутерот, важно е да го вратите уредот на првичните, фабрички прилагодувања.

HowToGeek направи листа на неколку основни работи кои е потребно да се направат за да бидете сигурни дека со продажбата не давате пристап до приватноста.

1. Направете бекап на податоците

Пред да се решите да го продавате уредот, направете бекап на податоците. Благодарение на услугите за префрлање на податоците во облак, овој дел е многу лесен за изведување.

Во зависност од тоа дали продавате компјутер, таблет или паметен телефон, потребно е добро да проверите дали навистина сте ги извадиле сите потребни податоци од фотографиите до лозинките.

Кај таблетите и смартфоните имате поголеми шанси за автоматско синхронизирање на уредите со некој од сервисите за чување податоци во облак или пак со десктоп компјутерите.

2. Укинете ја авторизацијата за уредот

Ако купувате дигитални содржини од интернет, големи се шансите тие содржини да се „заклучени“ за користење само на вашиот уред. Тоа значи дека иако сте платиле за некоја содржина, нема да може да ја репродуцирате на друг уред.

Кај Apple уредите, било кое купување на iTunes бара авторизација со вашиот Apple ID, за да не му ги поклоните некому купените содржини, мора да ја отстраните таа авторизација. Apple дозволува да имате до 5 нивни уреди со еден Apple ID, па ако сакате да деавторизирате некои мора да отидете во опцијата Store и потоа да изберете Deauthorize This Computer.

3. Избришете го хард-дискот

Најголем проблем за бришење на податоците има кај традиционалните хард-дискови. Има случаи во кои истражувачи успеале да извадат податоци од хард-диск кој не работи, бидејќи тие не биле темелно исчистени.

Една од опциите е користењето на алатката DBAN која ќе избрише се од оперативниот систем до партициите за бекап на системот.

Кај компјутерите кои користат Windows 8, нема потреба посебно да го форматирате дискот, туку е доволно повторно да го инсталирате оперативниот систем. Кај постарите верзии на Windows добро е прво темелно да ги избришете податоците, па потоа да инсталирате нова верзија на платформата.

Кај SSD дисковите нема потреба од таква темелна постапка, бидејќи тие автоматски ги бришат податоците и е невозможно да се вратат.

4. Вратете ги прилагодувањата на фабричките поставки

Кај таблет компјутерите и паметните телефони нема потреба од форматирање и преинсталирање на софтверот како кај компјутерите, па доволно е само да ги вратите на фабричките прилагодувања. Кај Android уредите, таа опција се наоѓа во Settings > Backup & reset, а кај iOS уредите е во Settings > General > Reset.

5. Како нов

Вашиот уред сега е подготвен за продажба и би требало да биде како нов, без никакви траги од вашето користење. Ви останува уште добро да го светнете од надвор и да најдете купувач.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1