Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 изјави дека нема да има нови барање за вметнување на права на Албанците во Уставот.
-Денеска патриотизам значи ние да ги напарвиме потребните чекори за успешно да се спроведе Преспанскиот договор – изјави Ахмети.
Според Ахмети вметнувањето на нови барања на Албанците би било „непотребен товар на процесот’ , и со тоа би се отежннало без потреба.
-Со тоа не им се прави услуга на Албанците во оваа ситуација. Најголемиот патриотизам за нас Албанците е овој процес да не се забави – изјави Ахмети.