Титаник 2 ќе заплови од Дубаи во 2022-ра година – погледнете како изгледа (Видео)


2022-та година Титаник 2 ќе го започне големото патување, најпрво од Дубаи до Саутемптон, а потоа ќе вози по оригиналната траекторија на Титаник. Потоа, ќе се воспостави редовна линија од Англија до САД токму со Титаник 2, најавил сопственикот „Blue Star Line“.

Како и оригиналниот брод, така и овој ќе биде луксузен, а ќе користи многу помодерна технологија за разлика од својот несреќен претходник. Во бродот ќе биде вграден и напреден систем за навигација, а нивото на безбедност ќе биде доста поголемо.

Титаник 2 првпат беше најавен во 2012-та, но неговата изградба се одложи поради финансиски проблеми. Откако сето тоа е решено, изградбата продолжила и отворањето на бродот и првите билети се закажани за 2022-ра година.

Вредноста на Титаник 2 се проценува на 435 милиони евра. Има капацитет од 2.400 патници и 900 членови на екипажот. Ентериерите се практично исти како и на оригиналниот Титаник, но модерната технологија е мудро интегрирана во секој агол од бродот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1