Неидентификувани лица украле околу 30 метри мост во босанскиот град Зеница, соопшти фирмата БХ-Гас.
Во текот на редовната проверка на гасоводот, на подрачјето на општина Зеница, воочено било дека од преминот преку реката Босна недостигаат околу 30 метри мост.
Преку тој мост одел и магистралниот плиновод и тоа во последните 40 години, а преку него гас добивала и фабриката Арчелор Митал, но и други потрошувачи во индустриската зона на овој босански град.
Од фирмата „БХ-Гас“ наведуваат дека непознати лица во изминативе денови ја исекле и ја однеле челичната конструкција на мостот, а на тој начин е доведена во опасност безбедноста на луѓето.
На одделни места на плиноводот е уништена инсталацијата и постои опасност да биде прекинато снабдувањето.
Станува збор за тешка кражба, бидејќи мостот претставува значајна инвестиција и во неговата реконструкција компанијата „БХ Гас“ вложила значителни средства, по војната.