Малечкото 6-годишно детенце викендов беше оставено со скршено срце, само во пица ресторан.
Најтажната фотка од детски роденден ја има Теди, 6-годишното момче кое седи само опкружено со неколку пици, празни чинивчиња и чашки, на местата каде требало да седат неговите другарчиња.
Теди поканил 32 другарчиња, но како што неговата мајка раскажува, само неколку најкултурно се јавиле за да кажат дека не се во можност да присуствуваат. Останатите, едноставно решиле да не се појават.
За среќа, не требаше долго пред тажната приказна на момчето да допре до луѓето ширум светот преку социјалните мрежи, а неговата мајка тврди дека му ги покажува сите пораки за поддршка и честитки.
„Веќе почнува да се смее,“ додава мајката, прикачувајќи кратко видео во кое Теди се заблагодарува. Се јавиле и од локалниот бејзбол клуб и на Теди му дале влезници заедно со нив и сите навивачи да си го прослави роденденот