Девојче старо 16 месеци се уште е во животозагрозувачка состојба откако во саботата падна во канта со боја во стан во населбата Нов Белград во главниот град на Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, бебето подолго време се давело во кантата и моментално се наоѓа во кома, на апарати за дишење.
Трагедијата се случила во попладневните часови додека мајката, 24-годишната С.Р. ги простирала перените алишта, а бебето играло со братот и сестрата.
Мојата ќерка беше на терасата и ги редеше алиштата, а бебето ползеше низ станот додека другите деца играа. Кога влезе внатре и седна да запали цигара, забележа дека бебето го нема. Отиде во кујната, која претходно ја кречеа. Ги виде нејзините ноџиња како висат од 25-литарксата канта со поликолор – раскажува бабата.
С.Р. веднаш го зграбила бебето и почнала со реанимација. Го соблекла и го ставила под туш. Го свртела наопаку, а низ носот бојата почнала да тече, а тоа да повраќа.
И даваше и вештачко дишење и ја реанимираше. Правеше се што знае за да ја спаси. На крај со бебето во раце истрча на улица и ја застана првата кола што ја виде – ја продолжува приказната бабата.
Бебето е примено во болница и неговата состојба се менува од час во час.
Ни рекоа дека била скоро мртва кога мојата Саманта ја донесе во болница. Ни кажаа да не се надеваме, мозокот е оштетен, а бубрезите оштетени – вели бабата.
Никој не знае како бебето успеало да се преврти, но ни колку време точно се давело.