ОЈО за убиството во Студеничани: Го убил затоа што му го попречил патот


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Е.М.(28) од Марино за убиство на К.И.(41) од Студеничани во јуни годинава.

Осомничениот се товари дека на 18.06.2018 година во село Студеничани, по меѓусебна расправија, со умисла лишил од живот едно лице. Несогласувањата меѓу двајцата започнале два дена претходно, кога сега починатиот со неговото возило марка „форд караван“ кај Катланово му го попречил патот на обвинетиот, кој бил во своето возило марка „мерцедес“. Недоразбирањата продолжиле и следниот ден, а на 18.06.2018 осомниченото лице со своето возило дошло во Студеничани каде што бил оштетениот. Двајцата повторно започнале расправија, при што оштетениот со бејзбол палка го удрил осомничениот во пределот на главата, нанесувајќи му повреди, и веднаш започнал да бега. Во тој момент, осомничениот со пиштол марка „ТТ“ со непознат фабрички број и со калибар 7,62 милиметри испукал повеќе куршуми кон оштетеното лице, нанесувајќи му осум огнострелни повреди. Од здобиените повреди, лицето починало следниот ден во Ургентниот центар „Мајка Тереза”, велат од ОЈО.

Ценејќи дека се уште постои опасноста од бегство на осомничениот, заради кој првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1