Граѓаните на Република Македонија се на нозе во знак на хуманоста. Се организираат бројни активности и акции, се превземаат за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која е дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Низ цела држава се поставуваат штандови, во секое кафуле, се одржуваат забави, дури и Зоолошката градина организира парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара, пишува порталот Здравство.мк.
Трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето.
Единствен сроден донор е нејзиниот двегодишен помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителите не можат сами да ги обезбедат. Додека сите се на нозе, власта молчи и не сака да помогне, изгледа во преден план им се нивните луксузи отколку животите на младите, стои во текстот на порталот.
„Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство
Повеќе на – Zdravstvo.mk