Македонската полицијата ги демантира информациите на регионалните медиуми кои објавија дека во Велика Кладуша, БиХ, е уапсен мигрант кој се сомничи за пет убиства во Македонија.
„На териоторијата на Македонија во ниту еден сектор за внатрешни работи не е регистриран таков случај. А, со самото тоа ниту имаме такво осомничено лице“, велат од МВР за Независен весник.Босански „Аваз“, вчера објави дека мигрант пред две недели бил уапсен во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска и дека тој е осомничен за убиство на пет лица во Македонија.