МВР кривично ќе го гони пратеникот Арнаудов поради несовесно работење во Охридската болница


Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за опозицискиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов поради несовесно работење додека бил в.д. директор на Општата боница Охрид.
– СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата, соопшти МВР.

Имено, во 2015 година со годишниот план биле одобрени 1,8 милиони денари за канцелариски материјали, но О.Л изготвила одлука за два милиона денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени 386.346 денари повеќе од предвидената сума и второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1