Канал 5: Кој затвора очи пред очигледната пиратерија на некои кабелски оператори?


Освен информацијата дека во тек е постапката, МВР се уште ја нема поднесено кривичната пријава по преставка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против кабелскиот оператор „Мултимедиа – НЕТ“ но и дописот од 5те национални ТВ станици кои се членки на ММА, реагира телевизијата Канал 5.

Вонредниот програмски надзор на АВМУ извршен на 3 октомври годинава покажал дека Мултимедија – Нет ДОО од Куманово, фрапантно незаконски реемитувал 31 странски ТВ канал, што е спротивно на член 141 од законот за Аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, но истовремено и кривично дело според КЗ

„Согласно законот за авторски права министерството мора да поднесе кривична пријава, МВР вели дека го работат предметот, што е предолго за ваков „чист“ случај, особено поради фактот дека АВМУ прецизно навел кога точно овој кабелски оператор нелегално реемитувал програма.

Изненадувачки е пак молкот од ОЈО, кој уште пред 6 месеци доби претставка од членка на ММА, ТВ Телма, а Канал 5, Телма, Алсат-М, Сител и Алфа, пред 10-на дена доставија поднесок до ОЈО за случајот со кабелскиот оператор од Куманово – и сеуште молк!

Од компанијата Македонски Телеком со кус одговор, дека компанијата секогаш се залага за заштита на авторските права, но тоа ќе мора и да го докажат наскоро и на дело, особено поради фактот што реемитуваат регионални канали кои имаат емисии особено филмови и серии за кои ги немаат правата за територијата на РМ“, објави телевизијата.

Канал 5 ТВ но и останатите ТВ станици членки на ММА не сакаат ниту да поверуваат дека има надлежни институции кои замижуваат пред еклатантната пиратерија која се случува преку дел од кабелските оператори во Македонија. Со пиратеријата се прави огромна штета на ТВ станиците членки на ММА,истовреме им прават штета и на граѓаните кои плаќаат на дел од кабелските оператори за програми или дел од програми за кои кабелските немаат права, со што директно го оштетуваат буџетот на нашите сограѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1