Јанкулоска: Бегството не може да биде решение на кој било проблем


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска коментирајќи го бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека тоа не може да биде решение на кој било проблем.

-Не сметам дека ова може да биде решение на кој било пролем. Не се согласувам со таа постапка без оглед на деталите како се одвивала и како била планирана. Не можам да се согласам со ниту еден сегмент со таа постапка што е направена, рече Јанкулоска во Отворено студио на 1ТВ.

Таа додаде дека во овие околности нејзиниот впечаток за таквата одлука е разочарувачка и дека не може со ништо да се аргументира таков потег. – Според вредностите во кои јас верувам таквата постапка заслужува само осуда“, рече Јанкулоска.

Во разговорот во врска со објавените бомби за убиството на Мартин Нешковски рече дека во првиот момент кога била прашана за тоа од новинарите немала сознание.

„Не можеш да скриеш убиство, рече Јанкулоска која појасни дека откако и било поставено прашањето на прес-конференција веднаш побарала информации и истрага од секторот за внатрешна контрола и оти не била направена соодветна евидентија на настанот, кој бил наведен само дека е пронајдено починато лице.

Во врска со прислушуваните разговори смета дека е ставање одредени разговори во контектст што не одговара на реалноста. При тоа додаде дека не и паднало на памет дека била таргет толку долго време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1