Иднетични решенија за притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски изготвил Судот. Во брзање за притворање на двајцата поранешни високи државни функционери, СЈО и Кривичниот совет само им ги смениле имињата инаку содржината на решенијата се исти, се гледа од документите што ги објави порталот Република.
Дека се брзало потврдува и тоа што на Решението за Божиновски е наведено дека истото треба да претрпи исправка. Во содржината на документот од Судот како доказ за барање притвор за Божиновски е образложено тоа што го пишува и во решението за Јанакиески, дека преку посредник барал амнестија од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Кабинетот на Иванов вчера ги демантираше овие информации и посочи дека средба преку посредник воопшто не се случила.
Прво, погрешен е бројот на предметот на Кирил Божиновски, за што подоцна Кривичниот совет изготвува и решение за исправка на „очигледна техничка грешка“.
Повеќе фото и инфо на – Republika.mk