Контроверзни пораки за постоењето на Македонскиот јазик, испрати и екс амбасадорот во Македонија, Александар Јорданов.
Има или нема, според вас, македонски јазик?
-Според мене? Од научна гледна точка, не.
Таму каде што застанаа Каракачанов и Ковачев, продолжи екс бугарскиот амбасадор во Македонија. Александар Јорданов во телевизиско интервју вели дека македонскиот јазик постои само од политичка гледна точка, а дека заедничка историја не можат да споделуваат. Тој вели дека вината е кај бугарската влада, која за разлика од грчката во случајот со Договорот од Преспа, оставила Договорот за добрососедство да го кројат историчари и луѓе од науката.
-Нема сомнение дека македонскиот јазик е норма, односно, дијалект на бугарскиот народ. Ако народите се различни, како што тврди македонската страна, има македонски народ, има бугарски народ, не можат да имаат заедничка историја. Заедничка историја може да има само еден единствен народ, вели Александар Јорданов, поранешен амбасадор во Македонија.