Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,17, односно за 5,51 отсто.
Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2,5 денари за литар и новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 60,5 денари за литар.
Дизел горивата поевтинуваат за три денари за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 55, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 43,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за за 2,227 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 25,949 денари за килограм.