Замрзнаа делови од Охридското езеро


Ниските температури кои достигнаа и до -15 степени ги замрзнаа крајбрежните и поплитки делови на Охридското езеро во Охрид и Струга. Утрово замрзна и дел од каналот Студенчишта кој е природно поврзан со езерото, а каде опстојуваат големи количини на рибата плашица.

Дебелите слоеви на мраз во водата беа интересни за езерските птици кои уживаа во необичната можност, а случајни минувачи застануваа и ја фотографираа оваа несекојдневна глетка. Ваквата појава е невообичаена за Охридското Езеро кое многу ретко замрзнува. Последен случај беше пред две години кога исто така имаше многу ниски температури на воздухот кои доведоа до замрзнување на делови од езерото и во Струга и во Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1