Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откри дека се уапсени седуммина осомничени за нападот над двајца полицајци во скопската населба Шуро Оризари, пренесе Фактор.
Двајца од тројцата претепани биле полицајци од полициската станица Чаир облечени во цивил. Едниот од нив е во сериозна здравствена состојба.