Скопје и Атина го информираа Гутереш дека стапија во сила Договорот од Преспа и името Република Северна Македонија


Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

По добиената вербaлна нота од Грција дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, Владата во Скопје вчера соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име Република Северна Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1