Пратеничката Мира Стојчевска е во центарот на вниманието овие денови, по објавените информации дека неколку члена од нејзината фамилија се вработени во државни институции.
Како што пренесува „Плусинфо“, нејзиниот сопруг пред еден месец е унапреден во командир на Шумската полиција во Делчево.
– Заменик командир на шумската полиција од Делчево сум од моето вработување при основањето на шумската полиција. Сега имам добиено само овластување за командир оти претходниот командир даде оставка на функцијата – рече Стојчевски за „Плусинфо“.