Заменик – претседателот на ДКСК за прв пат се бираше преку случаен избор. Ждрепката сакаше на оваа функција да биде поставен Нури Бајрами, кој во своето прво обраќање побара да запре шоуто што се правело против него, бидејќи бил баџанак со претседателот на Собранието Талат Џафери. Најави дека никогаш нема да им служи на политичките партии или пак на некои блиски роднини и пријатели.
Тој рече дека доколку се утврди некакаво влијание при неговиот избор, ќе поднесе оставка.
И антикорупциска утврдила дека во овој случај не постои судир на интереси. Претседателката Билјана Ивановска, повикувајќи се на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, рече дека под поимот блиски лица се сметаат роднините по сватовство до втор степен.
Јовановска најави дека ќе се истражува и дали постои непотизам при последните вработувања на лица кои се членови на семејствата на функционерите.
Прв приоритет на антикорупциска ќе биде обезбедување на соодветна просторија за работа, во која ќе биде инсталирана административната опрема вредна 600 илјади евра.