Ило Стојчевски е вработен во Шумската полициска станица (ШПС) Делчево од 1998 година на работно место заменик- командир, на која што работна позиција е се уште.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантира информациите изнесени во јавноста дека Стојчевски е унапреден и назначен за командир.
Во случајот не станува збор за унапредување и назначување, туку за времено овластување и извршување на работни задачи без дополнителен финансиски надомест.
Бидејќи нема друго лице вработено во ШПС Делчево со високо образование-Шумарски факултет, вработениот Ило Стојчевски кој е единствениот во оваа станица со високо образование-Шумарски факултет, е овластен да ја води станицата, бидејќи законски за застапување и поднесување на пријави во судовите вработените треба да имаат високо образование.
Стојчевски е овластен командир на ШПС Делчево, од моментот кога Дарко Тасевски (претходниот командир) си поднесе оставка.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство