Несреќата која ја зави Македонија во црно и понатаму боли и пече. Една од загинатите во автобусот кај селото Ласкарци завчера е и 63-годишната Трпана Јанеска.
Пензионерката се враќала дома откако го посетила внучето и семејството на ќерката во Скопје.
Исто така, најстара жртва е Есат Емрулаи кој имал 66 години.
Тој подлегна на повредите последен и иако се јавил на роднините дека е добро, починал во текот на ноќта.