Претседателот на Србија, Александар Вучиќ многу емотивно ја доживеа средбата со подофицерот Слаѓан Вучковиќ, во Ниш, кој за време на бомбардирањето на НАТО ги изгубил двете раце.
„Драг Слаѓан, прекрасен човек, подофицер кој ги изгуби двете раце кога налета на 107-та мина што беше фрлена од злосторниците. Ви благодарам за вашето херојство, за оддаденоста кон татковината“, рече Вучиќ за време на говорот за 20-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО во Србија и заплака.