Шокантни снимки од Аризона го обиколија светот.
Специјалци упаднаа во куќа во која се наоѓало невакцинирано дете со 40 степени температура и го одземале од родителите бидејќи не сакале да го носат на лекар.
Полицијата под полна опрема ја срушиле вратата во семејната куќа и го одвеле 2- годишното момче.
Центаот за социјална грижа стравувал дека детето може да има менингитис, што на крајот се испоставило дека се работело за респираторна инфекција.
Родителите го однеле детето на лекар во моментот кога имало покачено температура.И покрај советите да го одведат во болница, родителите не сакале, па кога докторот слушнал дека детето не го вакцинирале детето и го одвеле дома веднаш повикал полиција.
„Што е со правото на родителот да одлучи за нивното дете? Се чини дека ваков надзор на деца е превземан од лекарот, а родителите никој не ги прашува.Мора да признаеме дека оваа ситуација е погрешна и мораме да се фокусираме на случаев во кои навистина постои занемарување и злостаување на деца“ рекла адвокатка која го осуди овој налог за претрес и одземање на детето без при тоа да е вонредна ситуација.